Еден човек е излечен од ХИВ инфекција по трансплантација на матични клетки.53-годишниот маж познат како пациент Дисдорф, е само третата личност во светот што е излечена со помош на матични клетки, објавија научниците во понеделникот.
Тој не зема антиретровирусни лекови веќе четири години, што вклучува и земање лекови за сузбивање на вирусот.
Како и во случајот со другите двајца пациенти (пациентот од Берлин и пациентот од Лондон), трансплантацијата била извршена за лекување на акутно нарушување на крвта, во неговиот случај леукемија, која се развила заедно со ХИВ инфекцијата.
Речиси 10 години по трансплантација на матични клетки од неповрзан донор и повеќе од четири години по прекинот на терапијата за ХИВ, пациентот е во добра здравствена состојба.
Трансплантацијата вклучува матични клетки од донатор со ретка мутација на генот CCR5, познат по тоа што спречува ХИВ да влезе во клетките.
Мажот вели дека се уште се сеќава на зборовите на матичниот доктор дека заедно ќе доживеат ХИВ да може да се лекува.
-Оваа година на Денот на вљубените, ја прославив 10-годишнината од трансплантацијата на коскена срцевина. Мојот донатор на коскена срцевина беше присутен како почесен гостин, вели мажот.
Човекот рече дека одлучил да се откаже од својата приватност за да поддржи собирање средства за истражување и да се бори против стигмата за ХИВ со неговата приказна.
Фактот дека вирусот не се вратил е резултат на исклучително темелна научна и терапевтска подготовка и мониторинг, велат научниците.
Тие додаваат дека студијата е најдолго и најточно дијагностичко следење на пациент со ХИВ по трансплантација на матични клетки. Трансплантацијата на матични клетки вклучува уништување на сите нездрави сопствени крвни клетки и нивна замена со здрави матични клетки од крвта или коскената срцевина.
Експертите сугерираат дека истражувањето мора да продолжи сега за да им се овозможи на пациентите да ги надминат инфекциите со ХИВ без потреба од таква тешка интервенција во иднина.