сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мажите се во поголема опасност: Колкава е можноста да добиете срцев удар за време на секс?

Мажите се во поголема опасност: Колкава е можноста да добиете срцев удар за време на секс?

На многумина им е добро познато дека при сексуален однос чукањето на срцето се забрзува, но дали може да се случи да престане да чука? Според податоците од новата студија, тоа е можно.

За потребите на истражувањето, беа проучувани информациите собрани од околу 4.500 луѓе кои доживеале ненадеен срцев удар. Од сите случаи на ненадеен срцев удар, само 1 процент од нив се случиле за време на сексуална активност, заклучува студијата.

„Иако оваа состојба е опасна и може да предизвика смрт, шансите да се случи додека имате секс се мали“, коментира д-р Самит Коф, директор на Институтот за срце во Лос Анџелес и автор на студијата.

Таа додаде дека резултатите од истражувањето служат да се претстават пред пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

1 од 100 случаи на срцев удар за време на секс е забележан кај мажи, а 1 од 1.000 случаи кај жени.

Луѓето кои доживуваат ненадеен срцев удар за време на сексуалниот однос обично имаат околу 60 години, а веројатно веќе имале проблеми со срцето кога тоа се случило, пишува Vijesti.me.