Местоположбата на вашите акни навистина многу зборува за тоа што се случува во вашиот организам. На челото, околу устата или на вратот, секоја од нив има свое значење, односно причина…
Неправилностите на кожата, освен естетски, често укажуваат и на некој здравствен проблем како на пример: хормонален дисбаланс, алергии или стрес. Според кинеската медицина, секое место каде што се појавува некоја акна ја открива и внатрешната состојба на организмот.
Доколку изненадно се појавуваат на лицето и далеку една од друга, тоа е само последица од стрес. Некогаш и неадекватната хигиена е една од причините. Меѓутоа, упорни и групирани акни на одредени делови на телото се сигнал дека е време да преземете и други мерки, а не само употреба на козметички средства.
Чело
Промените на челото укажуваат на тоа колку е успешно нашето тело при елиминирање на отровите. Најчесто ќе забележите акни на челото по период на константно журкање. Доколку се појават на врвот на челото, тогаш ја претставуваат состојбата на бешиката, доколку се на средина укажуваат на варењето, а доколку се помеѓу веѓите, тогаш зборуваат за состојбата на црниот дроб. Ако се наоѓаат околу веѓите, тогаш станува збор за стрес.
Нос и образи
Според кинеската медицина, образите ја претставуваат плуќата. На носот и на образите може да се појават и други промени на кожата кои се слични на акните, но тоа не се всушност акни. Некогаш црвенилото може да укажува на акни кои се всушност кожно заболување, а ова особено се појавува кај старите луѓе.
Ако забележите црвени точки со нешто што наликува на првут, тоа би можело да биде себорични дерматитис, така што, важно е да се консултирате со лекар за може точно да ја дијагнозира упорната промена на вашето лице.
Уста
Ако ви се појават ситни акни со црвенило околу устата, можно е да се работи за дерматитис. Најдобро би било да го промените козметичкото средство кое го користите. Еден од симптомите кои укажуваат на полицистични јајници се и акните придружени со појачани осипи околу устата и по вратот.
Брада
Во различните фази на менструалниот циклус, акните можат да се појават на сите страни од вашата брада и во пределот на горната усна. Велат дека можете да одредите кој јајник овулира, во зависност од тоа на која страна се наоѓа акната. Во овој случај може да ви помогне козметиката и одредени типови контрацептивни пилули.
Врат
Осип на вратот и во линијата на вилицата е последица од стрес. Ако имате акни само во линијата на вилицата, тоа може да укажува на стоматолошки проблем. Понекогаш може да значи и дека сте ја инфицирале кожата со мобилниот телефон или слично.
Гради
Акните на градите се јавуваат како последица на генетиката. Помасната кожа е поподложна на осипи и акни.
Грб
Ако имате акни само на грбот, можно е да ви се појавиле како последица од потење додека сте тренирале или вежбале и не сте имале можност веднаш да се истуширате. Акните на рамото можат да бидат од носење торба.
Раце
Ситните акни на рацете се јавуваат на сува кожа и како последица од слаба циркулација. Исто така можат да бидат и показател за тоа колку вашето тело ефективно ги користи витамините од храната, а може да укажува и на астма. Овој тип на сува кожа со црвени точки воглавно се чисти со текот на годините.