понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Миењето заби ја чинеше живот: Една состојка од пастата беше кобна за ова мало девојче

Миењето заби ја чинеше живот: Една состојка од пастата беше кобна за ова мало девојче

Денис Салдате (11) починала поради алергиска реакција која и ја предизвикала пастата за заби.

Денис имала сериозна алергија на млечни производи, а користела паста по рецептот која содржала состојки кои биле кобни за неа – протеин добиен од млечни производи.

Нејзините родители отсекогаш добро ги проверувале сите производи кои ги користела, но не се сетиле на пастата.

Кога добила напад, на неа не и помогнало ни апче против алергија, открила нејзината мајка Моника.

Таа рекла дека пастата која Денис ја користи ретко кој ја купува, а таква и ја препишал нејзиниот стоматолог.