вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Миријам почина по 32 години поминати во кома, сопругот секој ден ја посетувал

Миријам почина по 32 години поминати во кома, сопругот секој ден ја посетувал

Италијанец потврди дека неговата сопруга починала откако поминала повеќе од три децении во кома по страшна сообраќајна несреќа на Бадник во 1991 година.

Миријам Висинтин, од Венето, починала на 10 мај во болницата Сан Басијано, каде што беше префрлена пред два месеци по акумулација на течност во нејзините бели дробови.

Миријам била во кома 32 година, откако на Бадник во 1991 година доживеала сообраќајна несреќа, во која се здобила со повреда на мозокот.

Нејзиниот сопруг Анџело Фарина, со кого беше во брак 33 години, изјави дека починала од срцев удар.

-Конечно најде мир, конечно е во рајот. Бевме во брак само една година кога се случи трагедијата. Бевме толку млади и имавме многу планови. Судбината беше сурова кон неа. Таа не го заслужи тоа, изјавила Фарина.

Миријам паднала во кома откако се здобила со тешки повреди на главата во несреќа кога нејзиниот автомобил изгубил контрола на ледената површина и удрил во столб. Лекарите по несреќата му рекле на Анџело дека неговата сопруга веројатно нема да ја преживее ноќта.

Анџело вели дека ја посетувал сопругата секој ден во болница, често неколку пати на ден – и направил исклучок само за време на пандемијата.

-Одев секој ден за време на паузата за ручек, најмалку 15 минути. И одев кај неа навечер. Да можев да се вратам во минатото, повторно би го направил истото“, изјави тој за Ла Република.

Миријам била  погребана во присуство на семејството и пријателите во нејзиниот роден град.