Британски младенци се скоро целосно подготвени за нивниот најважен ден, но им недостига само уште нешто- некој кој ќе им помогне да ја снимат нивната прва брачна ноќ. Огласот на оваа двојка вели дека бараат камерман, кој ќе направи микс од видеа и фотографии, кои ќе им останат како спомен од таа ноќ.
Тие прво ја прашале продукцијата која ќе ја снима веселбата, но оттаму им одговориле дека ниеден од нивните камермани не се чувствува удобно за да ја исполни таа задача.
Двојката до толку немала среќа во пронаоѓањето на човекот кој ќе им ја овековечи оваа ноќ, што морале да испратат оглас.