Дали знаете што значат етикетите на задната страна на шишето со лак за нокти? Најчесто го содржат името на производителот, земјата на потекло, состојките, но и некои ознаки кои никој не знае што значат…
Она што сите го знаат е дека бројот ја кажува точната нијанса на лакот. Кога повторно сакате да ја купите истата нијанса, доволно е само да кажете кој број ви треба.
Но, дали сте забележале дека има и ознаки од 12M, 24M или 36M? Ретко кој знае што значи оваа ознака, но всушност е многу важна.
Ако на шишето пишува 12 М, тоа значи дека рокот на траење на тој лак по отворањето е 12 месеци. Ако пишува 18, значи година ипол, 24 две години итн… Патем, овие ознаки не ги има само на лаковите, туку и на други производи за шминка и нега, како и на шампони, гелови за туширање, лосиони за тело итн.
Иако повеќето жени не го почитуваат ова, козметолозите предупредуваат дека никогаш не треба да користите лак или шминка надвор од наведените датуми, бидејќи тие можат да предизвикаат сериозни реакции и инфекции на кожата и ноктите.