Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:
-Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци.
Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите…
Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината, раскажал старецот.
-Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот.
Оној кој повеќе го храниш, одговорил стариот Индијанец.