петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

МОЌТА НА БАКНЕЖОТ: Што значи кога некој ќе ве бакне во чело, образ или рака?

МОЌТА НА БАКНЕЖОТ: Што значи кога некој ќе ве бакне во чело, образ или рака?

Kога усните ќе се спојат, се активира цела мрежа на неврони, зголемено се лачат хормони, телото е обземено од задоволство, возбуда, страст, желба…

Кога ќе се случи бакнеж, дури и оној пријателскиот, уживаат и телото и психата. Овој најстар вид на комуникација меѓу луѓето покажува љубов, нежност и наклонетост, но и утеха, почитување, сочувство, тврдат италијанските психолози.

Бакнежите не се само „разговор“ меѓу љубовниците туку и многу важен дел од комуникацијата со блиските луѓе, пријателите, роднините, семејството.

Бакнеж во чело кој родителите често им го упатуваат на децата, се смета за заштитнички гест, а истражувањата кои ги спровеле италијанските научници покажуваат дека децата чии родители секојдневно се бакнуваат напредуваат и се развиваат во посилни личности.

Пријателски бакнеж во образ е знак на блискост, особено кога личноста која го упатува ќе ги опфати образите на оној кој го бакнува со дланките.

Бакнежот во око се смета за најромантичен затоа што тој буди посилни емоции затоа што очните капаци се многу чувствителни на допир. Научниците тврдат дека на секој му се потребни барем четири бакнежи дневно за да го издржат стресниот дневен ритам и да ја зачуваат здравата психа.

Бакнеж во рака е знак на почит, понекогаш и романтични мисли, а според легендата, големите светски љубовници ги бакнувале дамите за рака за да по мирисот на нивната кожа откријат колку е заинтересирана за нив.