вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душата

Молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душата

Оваа малку позната молитва била напишана од страна на Антоан де Сент Егзипери, писателот зад ремек-делото „Малиот принц“ за време на еден од најтешките моменти во неговиот живот. Таа ќе ве потсети што навистина е важно во животот и без сомнение ќе ве натера да се замислите, додека истовремено ќе ве допре и до душата.

Боже, јас не се молам за чуда и визии, јас само барам сила за моите денови. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме мудар и снаодлив, за да можам да најдам важни откритија и искуство помеѓу разновидноста на деновите.

Помогни ми да го користам моето време подобро. Претстави ми го чувството да бидам способен за одлука без разлика дали таа е важна или не. Јас се молам за моќта на дисциплината и умереноста, не само за да се водам низ животот, туку исто така и да ги живеам моите денови разумно и да ги набљудувам неочекуваните задоволства и подеми.

Спаси ме од наивното верување дека сè во животот мора да тече лесно. Дај ми ја трезвената свесност дека потешкотиите, неуспесите, фијаското и препреките ни се дадени од самиот живот за да ни помогнат да растеме и созреваме. Испрати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја изговори вистината.

Јас знам дека моите проблеми нема сами да се решат, па затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку ни е потребно пријателството. Направи ме вреден за најдобрите, најтешките, најризичните и најкршливите подароци на животот.

Дај ми доволно имагинација да бидам способен да споделам со некој барем малку топлина, на вистинското место, во вистинското време, со зборови или со тишина. Поштеди ме од стравот дека го пропуштам животот. Не ми ги давај оние нешта што ги посакувам, туку оние што ми требаат. Научи ме на уметноста на малите чекорите!