Многумина ќе се препознаат себеси: Психолог открива пет знаци дека сте ПРЕОСЕТЛИВТА личност
Психолог од Велика Британија по име Џуди Смит проговори на оваа тема и откри кои се карактеристиките кои ги обележуваат пречувствителните луѓе.
Таа вели дека чувствителноста не е мана и дека таквите луѓе не треба да се менуваат, туку да усвојат механизми за заштита.
Пречувствителните луѓе може да се препознаат врз основа на следните 5 карактеристики, открива психологот Смит:
1. Кога расположението и болката на другите луѓе длабоко влијаат и на вас.
2. Кога сте во толпа, често чувствувате потреба да се повлечете и да бидете непознати бидејќи тоа ви ја олеснува и ја намалува вашата интеракција со другите.
3. Кога луѓето се обидуваат да ве натераат да правите премногу работи одеднаш, брзо се преоптоварувате со сите барања.
4. Не поднесувате промени и избегнувате бројни настани од сите силни емоции што ги носи напуштањето на зоната на удобност
5. Кога треба да се натпреварувате или да настапувате пред други луѓе, станувате толку нервозни што настапувате многу полошо отколку што би правеле инаку.