среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мудар учител ги прашал своите ученици зошто луѓето викаат кога се лути, а во одговорот лежи една важна животна лекција

Мудар учител ги прашал своите ученици зошто луѓето викаат кога се лути, а во одговорот лежи една важна животна лекција

Еден учител ги затекнал своите ученици како викаат едни на други. Кога го виделе, расправијата запрела, но тој одлучил да ги научи на важна лекција. Ги прашал: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“.

Учениците размислувале некое време, а потоа еден од нив рекол: „Затоа што го губат трпението – тоа е причината“.

„Но, зошто би викал ако таа личност е покрај тебе?“, прашал учителот. „Зарем не е можно да зборуваш тивко и со леснотија?“.

Учениците уште некое време давале одговори, но ниту еден не бил вистинскиот.

Мудриот учител им објаснил: „Кога две лица се караат, нивните срца се оддалечуваат. Затоа мора да викаат еден на друг, за нивниот крик да ја надмине далечината и за да можат да се чујат. Колку луѓето се полути, толку погласно мора да викаат бидејќи оддалеченоста помеѓу нив е се поголема“.

Потоа учителот прашал: „Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Тие не викаат еден на друг, туку говорат нежно и тивко. Зошто? Затоа што нивните срца се многу близу. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.

А што се случува кога уште повеќе ќе се заљубат? Тие не зборуваат, само шепотат. Конечно, не им е ни потребен шепот – само се гледаат и тоа е се. Така се однесуваат две личности кои се сакаат.

Кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат. Не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат еден од друг бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде толку голема што веќе никогаш нема да има пат за назад“.