четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

На ова место се кријат опасни микробактерии, еве кој дел од тоалетот мора најдлабински да го чистите

На ова место се кријат опасни микробактерии, еве кој дел од тоалетот мора најдлабински да го чистите

Истражувачи открија дека во тушот се наоѓаат микобактерии кои можат да предизвикаат проблеми со белите дробови.

Истражувањето уште одамна е направено во 656 домаќинства во Европа и во Америка, а пронајдена е споменатата микобактерија. Овој ситен микроорганизам често се наоѓа во главата на тушевите. Симптомите на инфекција на белите дробови од оваа бактерија вклучуваат хронична или повторувачка кашлица, губење на тежината, температура и губење на енергија.

Тоа што ги изненадило научниците е што металните тушеви содржеле повеќе микробактерии од пластичните.

„Доволно е да дишете под тушот, а бактериите преку вдишувањето би можеле да навлезат во белите дробови“, објаснува д-р Барбара Кебер.

Притисокот и топлината на водата во тушот го прават идеален за експлозија на бактерии. Но, според д-р Кербер, не треба премногу да се возбудувате бидејќи шансите да добиете воспаление на белите дробови поради оваа бактерија не се толку големи. Факт е дека повеќето луѓе веројатно нема да се разболат од микробактериите во тушевите, но постои чувствителен дел од популацијата кој мора да биде повнимателен.

„Луѓето со послаб имунитет имаат поголем ризик за инфекција“, вели Лен Хоровиц, специјалист за белодробни заболувања.

Превентивни мерки што може да се преземат е редовно чистење на тушот (може да го потопите во алкохолен оцет и вода) и замена кога е тоа потребно.