сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

На овие работи никој не ве предупредил: Кога ќе дипломирате, МОРА да сте подготвени на ОВА

На овие работи никој не ве предупредил: Кога ќе дипломирате, МОРА да сте подготвени на ОВА

После години и години образование, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш.

Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања.

Ова се најголемите меѓу нив:

Работата нема да ви „падне од небо“

Иако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение.

Ниедна работа не е лесна

Илузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство.

Дружењата со пријателите ќе бидат поретки

Иако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат.

Врските стануваат посериозни

Љубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.