Воспаленијата на синусите се особено чести во текот на зимскиот период. Тие предизвикуваат отежнато дишење и спиење, силна главоболка, а понекогаш и тахикардија.
Иако вообичаено проблемите со синусите треба да се лечат со антибиотици, сепак постојат и домашно подготвени лекови кои можат да ни помогнат.
Ова е природен лек кој мошне брзо ќе ви помогне да се ослободите од ваквиот проблем.
Потребни состојки:
1 мала шолја мед
1 мала шолја лимон
6 главици ротквици
1 кромид
5 чешниња лук.
Начин на подготовка:
Измијте го зеленчукот добро, а потоа исецкајте ги на мали парчиња.
Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека смесата не се соедини, односно додека не добиете хомогена смеса. На крајот, ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.
Се препорачува 2 супени лажици дневно.