среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Најстарата панда угина на својот роденден

Најстарата панда угина на својот роденден

Шуан Шуан, најстарата панда во Мексико, почина во зоолошката градина „Чапултепек“ во Мексико Сити, точно на својот 35-ти роденден.

Властите не ја соопштија причината за смртта на животното.

Инаку, просечниот живот на една панда во дивината трае околу 15 години.

Шуан Шуан се родила 1987 година и беше една од пандите што живееле најдолго вон Кина – нивното природно живеалиште. (МИА)