сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Намалете го ризикот од заболување од било кој вид на канцер

Намалете го ризикот од заболување од било кој вид на канцер

Оние кои го победиле ракот, и оние кои сеуште се борат со него многу добро знаат колку е тешка борбата против ракот. Канцерогените заболувања се сериозна закана за здравјето на луѓето, а најмногу сее страв фактот што нема ефикасен лек против нив. Оние кои го победиле ракот, и оние кои сеуште се борат со него многу добро знаат колку е тешка борбата против ракот.

Благодарение на трудот на експертите за да се пронајде лек против ракот, постојано се трудиме да најдеме начини како да го намалиме ризикот од појавување на рак.

Откажете се од тутунот
Незалудно на кутијата цигари пишува „Пушењето убива”,. Тоа се асоцира со појавата на повеќе видови рак, меѓу кои и рак на грлото на матката, хранопроводот, бубрезите, устата, белите дробови, панкреасот, грлото. Но, дури и да не пушите треба да се пазите од пасивното пушење. Ако сте изложени на чадот од цигарите, го зголемувате ризикот за појава на рак на белите дробови.

Ограничете го алкохолот
Зголеменото количеството алкохол кое го конзумирате, го предизвикува ракот на уста, дојка, грло, хранопровод, бубрези… Не практикувајте да пиете повеќе од 3 чаши алкохол неделно.

Бидете пребирливи со храната
Исфрлете ги колбасите, саламите и сланината од вашата исхрана. Не консумирајте црвено месо повеќе од 5 пати неделно во количина не поголема од вашата дланка. Внимавајте со солта. Не внесувајте повеќе од 6g сол дневно. Истражувањата покажуваат дека јајцата можат да го намалат ризикот од појава на рак на дојка. Една студија покажала дека жените кои јадат јајца 6 пати неделно го намалуваат ризикот од рак на дојка со 44 проценти. Масната храна води до зголемување на тежината, а тоа влијае и врз вашето здравје. Затоа, насочете се кон здрава храна богата со витамини, минерали и растителни влакна. Колку повеќе овошје и зеленчук консумирате, толку подобро.