Техниките за контурирање најчесто се користат за јаболчниците, но не е невозможно да се применат и на контурирање на усните. Со неколку потези можете да го истакнете лакот на усните и на тој начин да ги направите да изгледаат уште пополни.
Со оваа техника можете да го добиете посакуваниот изглед.
Шминкерката Рејчел Оакул споделува едноставен водич на ТикТок, со споредби од пред и потоа.
Трик за пополни усни
Не ви требаат никакви производи за усни за контурата. Наместо тоа, шминкерката предлага да земете помала, рамна четка и кафеава сенка за очи. Изберете нијанса која е една до две нијанси потемна од вашата природна боја на кожа, за да создадете илузија на потемна нијанса.
Започнете од долната усна, следејќи го дното со брзи потези и фокусирајќи го пигментот кон центарот. Не треба премногу да ја покривате усната, сенката треба да се поврзе со вашата природна линија на усните.
За да ја нацртате горната усна, почнете од аголот на усната, од местото каде што се спојуваат горната и долната усна и влечете нагоре додека не стигнете до лакот на усната. Повторете го истото од другата страна, а потоа нежно избришете ја сенката со прстот.
За дополнително пополни усни, повлечете ја сенката во средината на долната усна, ова го нагласува нејзиниот природен браз, што прави двете страни да изгледаат пополни.
@rachelocoolmua CMON ANGELINERRRS #lipcontour #biglips #lipliner #lipplumper ♬ Civilization (Bongo, Bongo, Bongo) – Remastered – The Andrews Sisters