Оваа упорна габичка е чест жител во нашиот организам, тешко се искоренува, а многу често и се повторува по лекувањето, па еве еден рецепт кој може да ви помогне, а освен тоа благотворно делува и на целиот организам.
За овој домашен лек потребни ви се следните состојки:
1 чаша јогурт
2 чешниња лук
1 морков
половина лажичка ѓумбир
цимет
Упатство за подготовка:
Изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и сето тоа додадете го во јогуртот.
Додадете и цимет.
Сето ова добро измешајте го, оставете го да отстои половина час и јадете го како салата еднаш дневно.
Постапката повторувајте ја се додека не го решите проблемот со кандидата, но можете да ја продолжите и по лекувањето.