вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Научете да ги „читате“ стапалата: Можат да откријат многу за личноста, па дури и да ја предвидат иднината

Научете да ги „читате“ стапалата: Можат да откријат многу за личноста, па дури и да ја предвидат иднината

Без разлика дали вашиот втор прст е подолг од палецот, или малиот е необично мал, секоја карактеристика говори нешто за вас.

Во Кина веќе со илјада години се практикува „читање“ на стапалата. Се верува дека лицата со слични прсти имаат слични особини. Експертите тврдат дека стапалата можат да откријат многу за личноста, па дури и да ја предвидат иднината. Без разлика дали вашиот втор прст е подолг, или малиот прст е необично мал, секоја карактеристика говори нешто за вас. Иако ова толкување треба да го земете со резерва, сепак, ќе ви понуди забава.

1.ПАЛЕЦ

Ако палецот е подолг од останатите прсти

Тоа значи дека сте полни со идеи и дека знаете да размислувате надвор од рамките. Многу сте креативни што значи дека ќе создадете иднина каква што ја замислувате. Интелигентни сте – без разлика дали станува збор за наука, математика или јазици, што и да одберете, во тоа ќе брилирате.

Тешко ви е да се концентрирате па често ги оставате проектите недовршени. Ако сакате да успеете, ќе мора да се потрудите да ги завршите работите кои сте ги започнале.

Ако вашиот палецот е помал од останатите прсти, вие сте господар на мултитаскингот!

Исклучително сте ефикасни и брзо ги завршувате обврските што ви дава време да ја испланирате иднината. Добри сте во преговарање што значи дека обично го добивате она што го сакате. Им се допаѓате на луѓето и затоа лесно ги убедувате да се сложат со вашето мислење.

2.ВТОР ПРСТ

Ако вашиот втор прст е подолг од останатите прсти, тоа значи дека сте добри во водење на луѓето

Вториот прст е поврзан со лидерски вештини, па колку е подолг, толку сте подобри во водење на луѓето. Имате силни уверувања и се заземате за она во што верувате. Снаодливи сте и енергични, што значи дека знаете да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. Секогаш покажувате силна желба и иницијатива поради што сте успешни во кариерата која сте ја одбрале.

Ако вашиот втор прст е пократок од останатите прсти, тоа значи дека не знаете да се заземете за себеси

Ова е знак дека не знаете секогаш да се заземете за себеси. Немате самодоверба и повеќе им верувате на луѓето околу вас. Вие секогаш размислувате однапред и ја планирате иднината.

3.ТРЕТ ПРСТ

Ако вашиот трет прст е подолг од останатите прсти значи дека сте перфекционист

Вие сте склони на перфекционизам, многу сте снаодливи и динамични, па поради тоа сте одличен член на тимот кој брзо ќе нпредува во кариерата. Премногу се фокусирате на работата, па мора понекогаш да си дозволите одмор и уживање.

Ако вашиот трет прст е пократок од останатите прсти тоа значи дека сте мрзливи

Вие сте мрзеливи и ви недостига иницијатива, па доколку сакате да ги исполните целите во иднина, мора да пронајдете мотивација. Вие сте поддршка за другите луѓе, уживате во животот и убавите работи.

4.ЧЕТВРТИ ПРСТ

Ако вашиот четврт прст е долг и прав значи дека знаете да слушате

Луѓето секојпат ви ги раскажуваат своите проблеми бидејќи знаете одлично да ги слушате. Семејството е најважната работа во вашиот живот и вашата иднина е тесно поврзана си нив. Вам не ви е многу потребно за да бидете среќни.

Ако вашиот четврт прст е пократок од останатите тоа значи дека сте насочени кон кариерата

Толку сте насочени кон кариерата што сте подготвени да жртвувате некои работи во животот поради неа. Вата 100% од себеси за да ги исполните вашите цели, а љубовниот живот не ви е приоритет.

5.МАЛ ПРСТ

Ако вашиот мал прст е премногу мал, тоа значи дека сте детинести

Вие имате премногу детинести карактеристики и сакате животот да ви биде забавен, не сакате одговорност.

Ако можете да мрдате со малиот прст одвоено од останатите, тоа значи дека сте импулсивни

Вие сте импулсивни и со авантуристички дух и го живеете животот во сегашноста, а не се грижите премногу за иднината. Неверојатно сте шармантни и вашиот магнетизам ги привлекува другите луѓе.

Ако не можете да го мрдате малиот прст одвоено од останатите, значи дека се’ планирате

Уживате во рутината и планирањето, вие сте на пат кон иднината која сте ја замислиле и не планирате да отстапите од тоа. Многу се лојални, луѓето сметаат дека сте досадни, но вие за себе мислите дека сте прекрасни.