четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Научниците откриваат: Што се случува со човекот 24 часа пред смртта

Научниците откриваат: Што се случува со човекот 24 часа пред смртта

„Ништо во животот не се мора, освен да се умре“, е стара народна. Смртта е неизбежна и токму затоа луѓето се трудат да не размислуваат за неа.

Но, што се случува со лицето пред да умре и дали може тој момент да се препознае?

Еден експерт вели дека „смртната издишка“ е знак на сигурна смрт која ќе се случи во следните 23 часа, пишува Њујорк пост.

Ова се случува во момент кога личноста не може да голта. Личноста на која и се ближи смртта дише поинаку, а тој единствен звук е дел од тој феномен вели доктор Даниел Марел од американскиот универзитет во Алабама.

Иако звукот е страшен, докторите уверуваат дека лицето не чувствува никаква болка. Во таков случај медицинско лице може да помогне и да ја ублажи маката на лицето вртејќи го на страна за да се ослободат дишните патишта.

Останати знаци кои укажуваат на брза смрт се: збунетост, често зевање за да се дојде до повеќе кислород, губење на свеста и повторно враќање, промена на телесна миризба, вознемиреност, темни модринки, лупење на кожата.

Минатата година неурологот, доктор Камерон Шав открил што се случува 30 секунди пред некој да умре. Вели дека веќе го првите 10 до 20 секунди губиме чувство за себе, можност за размислување. Тврди дека и навистина постои светло на крајот од тунелот, но не значи нужно дека постои и живот по смртта.

-Знаеме дека тој феномен се случува во момент кога мозокот повеќе не прима кислород, нагласи тој. Лицето во тој момент навистина размислува за својот живот и некои спомени и му изгледа дека животот пред очи му е убав. А сите вонтелесни искуства не се реално, тоа е само трик на нашиот мозок, нагласува доктор Шав.