Научници од Ново Мексико (САД), со според многумина – неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, им даваат нов живот на мртви, препарирани птици, претворајќи ги во еден вид дронови. Целта е да го проучат нивниот лет.
Д-р Мостафа Хасаналијан, професор по Механички инженеринг на Институтот за рударство и технологија Сокоро, кој го води проектот, открива дека вештачките, механички птици не ги дале резултатите што тој ги барал.
– Дојдовме до идејата дека можеме да користиме мртви птици и да направиме „беспилотни летала“ од нив. Сѐ е тука… Ние ја направиме обратната конструкција, рече тој.
Овие беспилотните летала направени од препарирани птици во мигов се тестираат во наменски изграден кафез на Институтот и би можеле да се користат за повеќе сознанија за обликувањето на јатото и неговиот лет.
– Ова пак, натаму може да се примени и во воздухопловството. Ако осознаеме како овие птици управуваат со енергијата едни до други, тоа може да го користиме во воздухопловната индустрија, заради заштеда на што повеќе енергија и гориво, рече Хасаналијан.
Научникот Брендан Херкенхоф се сосредоточува на бојата на птицата во однос на делотворноста на летот. Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин на привлекување партнери или камуфлажа, Херкенхоф верува оти бојата влијае на самиот лет.
– Спроведовме експерименти и откривме дека за авион со фиксни крила, и бојата може да ги промени перформансите на летот. Веруваме, истото важи и за птиците, рече тој.
Хасаналијан истакна дека прототипите на преперирани птици летаат најмногу 20 минути, така што следно е да се најде начин за подолг лет и тестови во дивината со живи птици.