Додека голем дел од нас замислуваат желба на 1 јануари, астролозите наведуваат друга дата која е помоќна за да ви помогне во остварувањето на вашите желби.
За почеток, сè уште сме под влијанието на ретроградниот Марс и Меркур кои прават хаос во нашите животи, во различни аспекти. Па така, ако се соочувате со тешкотии во исполнувањето на своите цели или пак во комуникацијата со другите, можеме да ги обвиниме овие две планети.
Имајте на ум дека ретроградниот Марс завршува на 12 јануари, а ретроградниот Меркур на 18 јануари. Но, што можеме да направиме во овој период? Астролозите се согласуваат дека ретроградниот период е добар за евалуација и рефлектирање на минатото – нашите односи со другите луѓе, професионалните цели, како и поддршката која ја добиваме и им ја даваме на другите.
Затоа, астролозите ни даваат нов предлог за исполнување на нашите желби – 21 јануари кога ја имаме полната Месечина во Рак. Според нив, таа е одлична можност да се посветиме на она што ни е важно, да се прашаме себеси како се чувствуваме и да почнеме да се опоравуваме од празничниот хаос и влијанието предизвикано од ретроградните планети.
Подгответе се и за силни и длабоки чувства, но и разговори, бидејќи Ракот е нежен и чувствителен знак кој ужива во разговорите и сака да минува време со своите блиски.