среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е доволно да ја знаете само големината: Ова се најчестите грешки при купување градник

Не е доволно да ја знаете само големината: Ова се најчестите грешки при купување градник

При изборот на градник кој ќе ви одговара, не е доволно само да ја знаете вашата големина. Имено, постојат низа параметри според кои треба да одлучите кога е во прашање купувањето на ова парче долна облека.

Според истражувањето на Гранд Вју, производството и продажбата на градници вреди околу 86 милиони долари. Затоа, не е лошо да знаете кои се најчестите грешки кои жените ги прават при купување градник.

Големина

Големината на градникот може да се промени и ако се здебелите или изгубите околу два килограми. Покрај промената на килограмите, има и хормонални промени кои исто така влијаат на изгледот и големината на вашите гради. Плус, не е доволно само да изберете големина бидејќи многу големини на градници варираат и според брендот.

Не правите тест за „отскокнување“

Овој тест е исклучително корисен и се препорачува кога купувате спортски градник, но може да помогне и кога купувате градник за секојдневно носење. Тестот вклучува движење напред, така што градите „паѓаат“ во корпите, а потоа скокаат. Ова ќе ви покаже дали ја имате соодветната поддршка што градникот треба да им ја пружи на вашите гради.

Важно кога купувате градник е да купите таков што правилно и удобно се вклопува на најоддалечената кука за закопчување. На тој начин, ќе имате простор да се префрлите на поцврстите куки откако градникот ќе се растегне со текот на времето.

Обликот на градникот е исто толку важен како и големината. Некои гради едноставно не се прилагодени за одредени форми на градник, па затоа е важно да ја пронајдете онаа која најдобро ви одговара.

Прерамките за градник не треба да се засекуваат во вашето тело без оглед на големината на градите. Наместо тоа, пронајдете пошироки градник со пошироки прерамки кои ќе гарантираат дека вашите гради ќе останат цврсто на место без да предизвикуваат болка.