вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е тоалетната школка: Кое е највалканото место во тоалетот?

Не е тоалетната школка: Кое е највалканото место во тоалетот?

Познато е дека бактериите обожаваат да се собираат во тоалетот, но местото каде што ги има најмногу не е она кое прво би ни паднало на памет, односно не се работи за тоалетната школка.

Омиленото место за собирање на бактериите е една друга површина која при чистењето на тоалетот неретко се занемарува.

Највалканото место во тоалетот е подот. Веднаш откако е исчистен на него може да се соберат околу 1.000 бактерии, по четири на центиметар, а еден час подоцна може да има дури и милион.

Подот не само што е најголемата површина во тоалетот, туку и неретко се занемарува при чистењето. Со оглед на тоа колку нечистотија носиме од надвор и се собира на него, како и влакна од косата, мокри пешкири, теписи и останати козметички производи, не е ни чудно што подот на тоалетот е толку популарно место за размножување на бактерии.

Една од најчестите бактерии на подот во тоалетот се стафилококите, кои можат да завршат на нашата кожа и бактеријата колиформ која се наоѓа во нашите црева. Исто така се наоѓа и бактеријата Ешерихија коли која може да предизвика грчеви и дијареја.

Како најефикасно да го исчистите подот во тоалетот?

Најмалку еднаш неделно темелно исчистете го подот. Доволно е на еден леѓен со вода да додадете едно до две капачиња средство за чистење. Барем еднаш годишно чистете го подот со интензивно триење.

Најдобар избор за чистење на подот е чистачот на пареа особено ако имате мали деца бидејќи за овој чистач не се потребни дополнителни средства за чистење.