понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е важен само рокот на траење: Ако забележите ваква промена на кремата за сончање – фрлете ја!

Не е важен само рокот на траење: Ако забележите ваква промена на кремата за сончање – фрлете ја!

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Британскиот дерматолог Мервин Патерсон открил дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријаат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.

„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амбалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакнал докторот.

Патерсон додаде дека во главно овие креми имаат рок на траење до година, „внимавајте освен што сонцето ќе ве изгори ќе ви се појави и иритација на кожата“, заклучи тој.

За да го продолжите векот на вашите креми докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина, идеално место за тоа би било вашиот фрижидер за храна.