понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ СИМПТОМИТЕ: Ова е најсмртоносниот канцер за жените

НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ СИМПТОМИТЕ: Ова е најсмртоносниот канцер за жените

Во светот годишно се регистрираат 250.000 нови случаи на оболени од рак на јајници, а 140.000 жени ја губат битката со оваа болест. Вчера се обележа Светскиот ден на борбата против ракот на јајници, најсмртоносниот канцер за жените.

Се апелира жените редовно да одат на гинеколошки прегледи, бидејќи само тоа е превентива од овој вид на рак.

Од ракот на јајници најчесто заболуваат постари жени, но за жал болеста не ја заобиколува ни помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Причината е фактот што овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и уринарниот тракт.

Ова се некои од симптомите:

– Потекување на стомакот, нагло растење на телесната тежина, надуеност;

– Болка во предниот дел на карлицата и чувство на притисок во стомакот;

– Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк;

– Често и нагло мокрење;

– Болка за време на сексуалниот однос;

– Запек;

Навременото откривање на ракот на јајници е проблем со кој се соочуваат експерти низ целиот свет. За оваа болест не постои адекватен скрининг.

Пет клучни факти за ракот на јајници:

– Сите жени се загрозени!

– Симптомите постојат, но може да се измешаат со симптоми кои ги носат други, помалку опасни болести;

– Свеста за симптомите на болеста може да ви го спаси животот;

– Денеска е можно генетско тестирање на „BRCAm“ мутираните гени на ракот на јајници (важно е да се знае „BRCAm“ статусот на жената).

– Ракот на јајници најчесто се дигајностицира во доцна фаза.