Ако ви се случи наутро да се разбудите и да не се сеќавате што сте сонувале, можеби би требало да почнете да пиете витамин B6.
Во едно истражувањето учествувале лица чиј просек на години бил 27. Испитаниците биле поделени во три групи – една група секоја вечер пред спиење земала суплементи кои содржат 240 милиграми од овој витамин, втората добивала суплементи комплекс витамин B, а третата плацебо.
Учесниците добиле задача во наредните пет дена да ги забележуваат своите сонови, колку сонувале и на што точно се сеќаваат.
Лицата кои биле во првата грипа успеале да се сетат на содржината на соновите подобро од останатите испитаници.