четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не ги занемарувајте овие симптоми: Зад нив можеби се крие најлошиот женски канцер

Не ги занемарувајте овие симптоми: Зад нив можеби се крие најлошиот женски канцер

Во светот секоја година се регистрираат 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајници.

140.000 жени во светот ја губат битката со оваа болест. За жените кои живеат со оваа болест им треба поддршка во борбата за излекување.

Од клучна важност е болеста да се препознае при појавата на првите проблеми. Само редовниот преглед е некаква заштита во борбата против рак на јајници. Жените треба да се грижат за своето здравје и редовно да одат на гинеколог.

Сепак, тешко е да се открие на време. Од рак на јајници заболуваат претежно повозрасни жени, но болеста не ја заобиколува ниту помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, односно за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Најголемата причина за тоа е фактот што нема рани симптоми, а кога ќе се појават тие се многу неспецифични и поврзани се главно со дигестивниот и уринарниот тракт.

Отекување на стомакот, нагло зголемување на телесната тежина, болки во пределот на карлицата и чувство на притисок во стомакот. Чувство на ситост веднаш после започнувањето на оброкот, често и нагло мокрење, болки во текот на сексуалните односи- ова се само некои од симптомите.