Овој дел од лимонот помага за намалување на телесната тежина и го регулира варењето на храната. Таа е богата со растителни влакна кои овозможуваат правилно варење на храната и намалување на вишокот килограми.
Кората од лимон содржи 5-10 пати поголема количина на витамин Ц, во споредба со лимоновиот сок. Благодарение на витаминот Ц кој го содржи, кората од лимон го зајакнува имунитетот, штити од бактериски инфекции, настинки и грип. За да се зачува здравјето и цврстината на коските, потребно е да се консумира храна богата со калциум и витамин Ц, како што е кората од лимон.
Таа има и антидепресивно дејство.
Пред да ја користите кората, добро измијте го лимонот.
Лимоните додека да стигнат на пазарите, се транспортираат на големи далечини и некогаш може да содржат восок кој има за цел да ги заштити при транспортот.