петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не ја фрлајте лушпата од јаболкото, искористете ја на овие 4 начини

Не ја фрлајте лушпата од јаболкото, искористете ја на овие 4 начини

Ако навистина не сакате да јадете кора од јаболко или ви останала лушпа од јаболко по правењето колач, еве како можете да ја искористите.

Направете желе

Јаболката се богати со антиоксиданси, особено во лушпата. Всушност, речиси половина од витаминот Ц на јаболкото се наоѓа во неговата лушпа.

Можете да ја добиете вашата доза на антиоксиданси за појадок со желе направен од кора или дури и чипс од кора.

Исчистете ги садовите

Кората од јаболкото одлично ги чисти алуминиумските садови, бидејќи содржат киселини кои ги раствораат нечистотиите. Сварете една рака лушпи од јаболка и оставете ги да се динстаат во садот што сакате да го исчистите 20-30 минути. Нечистотијата треба да исчезне.

Направете чај

На тој начин се добива најдоброто количество на антиоксиданси од кората на јаболкото, без шеќер. Потребни ви се грст лушпи од јаболка, три до четири чаши вода, цимет, една лажица мед и една лажица сок од лимон.

Во сад ставете ги сите состојки освен медот и варете ги околу 15 минути. Процедете, додадете мед и ќе добиете совршено здрав напиток.

Освежете го воздухот

Јаболката и циметот се омилените мириси за домаќинство на многу луѓе. Варете ја кората од јаболкото, циметот, ѓумбирот и лимонот. Оставете го да испари додека мирисот се шири низ домот.