среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не кријте се од студот: Прошетките во есен и зима носат корисни благодети за вас – дознајте кои се тие

Не кријте се од студот: Прошетките во есен и зима носат корисни благодети за вас – дознајте кои се тие

Често слушаме дека студот е добар за нашето здравје, но дали точно ги знаете бенефитите кои нашето тело и ум ги имаат од ниските температури?

Ви откриваме 10 корисни благодети од ладното време поради кои уште повеќе ги сакаме есента и зимата.

1.Имаме повеќе енергија

Сакате да имате енергија? Изложеноста на ниски температури, како на пример прошетка по ладно, ќе ве исполни со енергија, па ќе бидете енергични уште неколку часови после прошетката.

За да има таков ефект студот, не мора да бидете долго изложени. Доволно ќе биде и некое кратко време – затоа тргнете на брзо одење.

2.Подобро спиеме

Луѓето кои патат од несоница имаат поголема телесна температура, па спиењето во лесно разладена просторија (идеално од 16 до 20 степени) ќе помогне подобро да спијат.

3.Студот поттикнува согорување на калориите во кафеното масно ткиво

Кафеното масно ткиво произведува топлина и ги согорува мастите, а кај бебињата служи за регулирање на телесната температура. Кај возрасните овие кафени масни клетки се наоѓаат во помал број

4.Мозокот работи подобро

Докажано е дека при високи температури луѓето многу поретко донесуваат големи, сложени одлуки.

Топлото време побрзо ги исцрпува нашите резерви на глукоза, со оглед на тоа што глукозата ја користиме во менталните процеси, недостатокот исто така, влијае врз нашата способност за носење одлуки.

5.Поради почистиот воздух подобро дишеме

Есента и зимата обично значат и поквалитетен воздух, па поради тоа, долгите прошетки во природа и длабокото дишење се идеални во овој период.

6.Совршена температура за трчање

Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат во доцна есен? Тоа е затоа што на пониски температури е полесно и попријатно за трчање. Трчањето при топло и влажно време делува исцрпувачки на нашето тело.

7.Студот ги намалува воспаленијата и ги елиминира инфекциите

Воспаление на мускули често се ублажува со ставање на мраз врз отеченото и болно место.

Но истиот ефект го имаат и ниските температури на воздухот. Многу атлетичари во лекувањето на воспаленијата и повредите користат криотерапија, односно терапија со мраз, што значи изложување на екстремно ладни темпартури.

Престојот ве прави поотпорни. Тоа е затоа што голем број клетки се борат против инфекциите.

8.Се чувствуваме подобро во сопствена кожа

На ладно време не мора да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини, со што всушност ни се подига самодовербата. Тоа е исто така период од годината кога размислуваме за вежбање поради носење на новогодишни одлуки.

9.Повеќе ги цениме деновите кои доаѓаат

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои живеат во области каде е секогаш топло и сончево, всушност не се посреќни од останатите.

Луѓето имаат најдобро расположение после долг период на студено и тмурно време. Затоа, се радувате дека топлите и сончевите денови повторно ќе дојдат.

10.На ладно време нема комарци

Ниските темпертури ги убиваат комарците, што значи дека не мора да се браните од овие ситни штетници кои може да пренесат болести.