среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не постои валидна причина за сајбер булинг

Не постои валидна причина за сајбер булинг

Група од три студентки од ФИНКИ активно го креваат својот глас против сајбер булингот.

„Изреволтирани од случувањата на денешницата, како и се поголемиот број на жртви на сајбер булинг решивме да го направиме овој проект насловен како: ‘Социјални медиуми: платформа за повреда на човековите права и дефамација’ со цел да ја развиеме свеста за оваа негативна појава и да влијаеме позитивно врз заедницата“ – велат тие.

Социјалните медиуми се најмоќниот продукт кој произлезе од дигиталната револуција и развојот на технологијата. Нивната најголемата предност е тоа што спојува луѓе од различни страни на светот да комуницираат на многу побрз и полесен начин. Но, покрај огромната корист која што ја нудат социјалните медиуми, сепак носат и одредени опасности и непријатни искуства. Тие се еден од најштетните елементи на општеството бидејќи ја нарушуваат нашата приватност како никогаш порано. За таа цел е спроведена анкета, од чии резултати е увидено дека нивните очекувања се исполниле. Затоа одржуваат видео конференции на оваа тема, постираат дигитални флаери на нивните социјални медиуми, со други зборови пробуваат да ја подигнат свеста за сајбер булингот и искористувањето на приватноста кај корисниците на социјалните медиуми.