петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

НЕ ВИ Е ПОТРЕБНА СКАПА КОЗМЕТИКА – овие намирници ја враќаат еластичноста на КОЖАТА, ја хидрираат и подмладуваат

НЕ ВИ Е ПОТРЕБНА СКАПА КОЗМЕТИКА – овие намирници ја враќаат еластичноста на КОЖАТА, ја хидрираат и подмладуваат

Вклучете ги во вашата секојдневна исхрана!

Пушењето, нездравата храна и алкохолот може да го влошат изгледот на кожата, да доведат до сувост и неправилност. За да и го дадете на вашата кожа она што и е потребно за да биде здрава и еластична, започнете со исхраната.

Ви предлагаме неколку намирници кои помагаат за еластичноста и хидратацијата на кожата.

Авокадо

Заштитува од ефектите на слободните радикали и го враќа сјајот на кожата. Идеално се комбинира со риба, тестенини, млад зелен зеленчук и леб во исхраната.

Семки од тиква

Помагаат да се отстранат неправилностите на лицето, ја лекуваат кожата и ја хидрираат. Полни се со цинк и витамин Е.

Домати

Содржат ликопен кој штити од негативните ефекти на сонцето.

Омега-3

Го има во храната како лосос, ракчиња и тофу.

Селен

На кожата и дава сјај и ја прави мазна, а се наоѓа во немасните сирења, мисиркиното месо, бразилските ореви, остригите…

Во видеото подолу може да погледнете кои други намирници се од големо значење за здравјето на кожата.