недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не заборавајте на грижата за вашите гради: Ова мора да го правите дневно, месечно, годишно!

Не заборавајте на грижата за вашите гради: Ова мора да го правите дневно, месечно, годишно!

Редовниот преглед и секојдневната грижа ќе ви помогнат, да биде се во ред со вашите гради.

Ова се четири совети кои морате редовно да ги практикувате.

Дневно: Внимавајте на хигиената

Лесната масажа за време на туширањето и убавото миење со благ хидратантен сапун ќе го спречи развојот на бактерии кои се создаваат на кожата со потењето.

Месечно: Прегледајте ги градите сами

Недела дена после менструалниот циклус (тогаш ткивото во градите е најмеко), со прстите пополека поминете преку градите до пазувите, во потрага по грутки и испакнатини. Потоа погледнете се во огледало за да видите да не случајно се појавиле некои флеки или црвенило кои укажуваат на инфекција, а во многу ретки случаи на рак на кожа.

На секои шест месеци: Проверете ги вашите градници

Доколку редовно носите некој градник подолг период, тој ја губи својата еластичност, што може да доведе до болка во градите и грбот.

Годишно: Лекарски преглед

Клиничкиот преглед на градите е стандарден и многу важен дел од гинеколошкиот преглед. Стручното лице најдобро може да изврши детален преглед, за навремено откривање на несаканите можни закани.