Емоциите, какви и да се, предизвикуваат и физичка реакција на организмот, која личноста може и да не ја забележи дека се случила.
Секојдневно ни се случуваат и по 100 емоции, кои може и да не ги ни забележиме. Тие ни се потребни за да можеме соодветно да изреагираме на одредена животна појава.
Луѓето ги изразуваат емоциите преку лицето, гестовите, тонот на говорот и слично.
Но, има и физички манифестации кои не се веднаш забележливи за човековото око.
Ова се некои од нив:
-Промена на ритамот на работа на срцето кога сме вљубени или среќни.
-Губењето на волјата за живеење влијае врз работата на штитната жлезда.
-Тврдоглавоста предизвикува проблеми со ‘рбетот.