Објект во Лондон, Англија, во кој некогаш се наоѓал погон за производство на пиво, стана „дом од соништата“. Пивницата е изградена на почетокот на 20. век.
Сега, тоа е куќа со пет спални соби, изградена од глаток бетон, црн челик и тула. Идејата е на компанијата „Крис Дајсон“. Зданието е претворено во простор што може да се користи како дом, но и како комерцијален простор на нивоа, со тераса на покривот.
На горниот кат има камена платформа и црни челични скали што водат до покривот. На овој кат се наоѓаат бањата и просторијата што се користат за перење облека. Тука е и кујната со добро осветлување, а има и трпезарија. Под бетонскиот под е поставено подно греење.
На првиот кат има три спални и една работна соба, како и две бањи – едната со када. На вториот кат е главната спална соба со тераса за појадување, релаксирање, читање и слично.
Кровната тераса е дизајнирана од Адолфо Харисон. Просторот е украсен со растенија, така да се чувствувате како да сте во прашума. И тука има бања, кујна и – скара за летна забава.
Куќата чини 7,25 милиони фунти. (МИА)