сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Неколку работи кои нѐ прават среќни

Неколку работи кои нѐ прават среќни

Среќата е во малите работи, само што ние понекогаш тоа го забораваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија не потсетува кои ситници можат да ни го разубават денот и да не направат среќни. Запомнете ги овие работи и бидете среќни!

Доколку во последно време тешко пронаоѓате причина за да бидете среќни, завртете се околу себе затоа што среќата е во малите работи кои ви го пораваат расположението во истиот момент.

Ако ја пронајдете ташната која што не сте ај носеле подолго време ќе ви се разлее насмевка на лицето, а истиот ефект ќе го има и песната која долго време не сте ја слушнале, а баш сега ја пуштаат на радио.

Резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија на 3.000 возрасни испитаници открило неколку ситници кои се клучни за среќа:

Пронаоѓање на заборавени пари во џебот од фармерките

Одење на годишен одмор

Убава СМС порака од партнерот

Чиста постелнина на креветот

Галење….

Пливање во море/езеро

Изненадување во облик на подарок или цвеќе

Романтична ноќ

Порака за благодарност за нешто што сте направиле

Чоколаден колач

Покрај овие 10 работи тука се и моментите на самотија, средбата со стари пријатели, гледањето на стари фотографии, купување на добро парче облека на попуст…

Статистиката вели дека сме среќни три дена во неделата, а на вас останува тоа да го свртите во своја корист!