четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нема изговор за неуспех: Кога ќе видите како момче без нозе и раце тренира во теретана, поинаку ќе гледате на животот (ВИДЕО)

Нема изговор за неуспех: Кога ќе видите како момче без нозе и раце тренира во теретана, поинаку ќе гледате на животот (ВИДЕО)

Ханхартов синдром е нарушување проследено со различни степени на јазични оштетувања и недостаток на екстремитети. Несреќа да боледува од тоа нарушување ја има Ник Сантонастасо (21), ѕвезда на YouTube и бодибилдер.

Со процент на можност за преживување од само 30%, Ник сепак успеал да докаже дека е посилен од се.

На YouTube осамна снимка на која Ник крева огромна гума од 70 килограми. Тој тврди дека е еден од 12 луѓе кои се родиле со тоа нарушување, а осум починале.

Храбриот и вреден Ник редовно споделува фотографии и видеозаписи на социјалните мрежи и добива огромна поддршка од пријателите.

-Наспроти хендикепот кој го имам, од секогаш сакав да бидам фитнес модел тренер по бодибилдинг и мотивационен говорник. Се трудам да си ги остварам желбите, вели младиот Ник, пример за многу бодибилдери ширум светот.