Германскиот милионер Карл Рајпен трага по десет лица кои би живееле со него на неговиот имот во Нов Зеланд, кој тој го опишува како рај на земјата.
Откако со години таму живеел сам, посакал друштво.
Рајпен, кој своето богатство го стекнал со продажба на конзервирано замрзнато кафе, веќе два пати во последните седум години објавил оглас во локалните весници во кои ги бара наведените луѓе.
#breakingnews #enews Karl Reipen German Millionaire seeks people to live with him https://t.co/nGfzlJfy3p
— Daily Entertainment (@dailyenews) December 19, 2019
На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, има штала, винарија и затворена арена, а комплетниот имот е сместен на западното крајбрежје на оваа држава.
-Може да живеат во куќи за две лица и да делат преубава винарија за состаноци и ручек. Можете да уживате во проштека, риболов, купување, возење со кајак, набљудување на птици, пливање или гледање убави животни, рекол Рајпен.
Тој ги повикал сите до 70 години да се пријават и додал дека се добредојдени и оние кои имаат сопствени коњи.
-Доколку сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, тоа за вас може да биде нешто сосема ново, додал Рајпен во рекламата.