четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

НЕОЧЕКУВАНО ОТКРИТИЕ: Оваа работа ја подобрува вашата емотивна врска!

НЕОЧЕКУВАНО ОТКРИТИЕ: Оваа работа ја подобрува вашата емотивна врска!

Чистотата е многу важна кај поголемиот број од паровите, па понекогаш заборавањето да ги исперете садовите или да ги извадите алиштата од машината може да има големо влијание на среќата и хармонијата во врската.

Неодамна истражувањето на здравствената апликација Ластинг во кое учествуваа 75.000 брачни партнери откри дека сопружниците најмногу се караат околу чистењето и средувањето на домот, зачестеноста на сексуалните односи, времето кое го поминуваат на мобилниот телефон, како и трошењето на парите, пишува „Hello Girl“.

Ако чистењето е главниот проблем кај многу парови и очигледно влијае на среќата во врската, би било идеално да се ослободите од овие обврски. Тоа значи дека би требало пари да одвоите од домашниот буџет и да вработите лице кое тоа ќе го прави за вас.

Оваа теорија ја потврди неодамнешното истражување на Економскиот факултет при Универзитетот Харвард и Универзитетот Колумбија, во кое учествуваа повеќе од 3.000 љубовни парови како би откриле дали трошењето пари на куќна помошничка има позитивно влијание на односот на партнерите.

Истражувањето открило и дека има големи разлики- паровите кои издвојувале пари од домашниот буџет за чистење биле позадоволни во врската.

-Конфликтите поради куќните обврски се една од главните причини зошто доаѓа до караници, па често и до развод. И жените и мажите со текот на времето стануваат се пофрустрирани затоа што дома ги чека дополнителна работа, објаснуваат експертите.