Уште од свои дванаесет години, Бјанка се облекува и се шминка како гот-девојка, а сега се согласи привремено да се трансформира во нормална девојка пред камерата.
Бјанка има бројни тетоважи, од кои некои покриваат дел од лицето, а се украсила и со голем број пирсинзи. Првата тетоважа ја направила кога имала само 16 години, а признала дека веќе не знае ни колку пирсинзи има.
„Кога почнав да се облекувам исклучиво во црно, мајка ми ме молеше да носам розова боја. Ми купуваше облека што никогаш не сум ја носела. Понекогаш носев нешто црвено за време на празниците за да ја расположам”, рече таа.
Шминкерите на Бјанка прво мораа да ги покриваат нејзините тетоважи, потоа ставија долга перика и ја облекоа во елегантна облека, а најимпресивна беше реакцијата на нејзината мајка, која се шокираше кога ја виде.
„Ова не е моја ќерка“, рече таа смеејќи се.
Сепак, Бјанка воопшто не беше воодушевена.
Целиот процес на трансформација можете да го погледнете во видеото: