четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Новогодишни суеверија: Ако сакате да ви се исполнат желбите и плановите – не правете ги овие работи

Новогодишни суеверија: Ако сакате да ви се исполнат желбите и плановите – не правете ги овие работи

Долгата традиција на славење на Нова Година доведе до многу суеверија кои и денес продолжуваат да преовладуваат во нашето општество.

Повеќето верувања се за работи што никогаш не смееме да ги правиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во наредната година.

Едно од важните верувања се однесува на емоционалните односи со драги луѓе. Имено, не треба да заборавите да им честитате Новата година на најблиските, затоа што ќе бидете далеку од нив во наредната година.

Финансиската безбедност е една од работите за кои се стреми секој од нас, затоа постои силна верба дека не треба да се позајмуваат пари на 31 декември и 1 јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од куќата на 1 јануари!

Ова верување важи за апсолутно сè; се верува дека не треба да го фрлате ѓубрето од куќата на овој ден. Колку и да звучи ригидно, ова правило е флексибилно и различно во сите делови на светот.

Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат одредени работи на 1 јануари ако претходно нешто се донесе во куќата.

Постојат некои кои, сепак, сметаат дека не е добро дури да се тресат теписите тој ден.

Eдно од старите верувања е дека првиот човек кој ќе го премине прагот на вашата куќа по полноќ не треба да биде жена.

Исто така, некогаш се сметало дека првиот што влегол во куќата не треба да биде некој со руса или црвена коса.

Еден од многу лошите знаци е дека не треба да се јаде пилешко или мисирка на првиот ден од новата година. Причината е што птиците некогаш се сметале за „валкани“. Поради ова, се верува дека „нечистотијата“ што ја внесувате во куќата сигурно нема да може да се ослободи од целата година.

Иако постои верување дека треба да се прават некои ситници во врска со работата, тоа треба да биде умерени.

Суеверието вели дека не е добро да се работи претерано на 1 јануари. Голем ангажман, особено започнување на нова активност на овој ден, значи дека нема да биде просперитетно, туку напротив – ќе биде осудено на неуспех.

Во нашето општество, постои верување дека на црковен празник никогаш не треба да извршувате домашни задачи. Истото верување важи и за Новата година, а луѓето веруваат дека не треба да се мијат ниту судовите на овој ден.

Кога се слави на Балканот постои мерак нешто да скршиме, особено чаша или шише. Сепак, ова не е правило за новогодишната ноќ затоа што сè што ќе се скрши е многу лош знак. Затоа, бидете внимателни.

Дајте се од себе за да бидете во добро расположение, затоа што постои верба дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари ќе ве следат во текот на целата година.

Постарите верувале дека дури и ветерот може да биде добро навестување за тоа каква би била следната година. Значи, ако воопшто нема ветер или ветрот дува од југ – тоа значи дека следната година ќе биде добра и полна со просперитет.