Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 септември.
Денеска е Преподобен Евмениј Чудотворец.
Во седмиот век по Христа, на островбот Крит заблеска незазлената Христова светлина во Гортинскиот епископ Евмениј. Овој се беше откажал од богатството, раздавајќи го на сиромашните, уште во својата младост. Потоа стана монах и со молитва и пост ги преобрази душата и телото, издигајќи се до мерата на Богочовечкиот Христос. И како што светилникот не може да се скрие во огромното пространство зашто го издава неговата светлина, така и Евмениј не можеше да се скрие од светот. Народот дозна за него и го избра во Гортина. Како епископ беше татко на сирачиањата, богатство за сиромашните, утеха за ожалостените, лекар за болните и прекрасен чудотворец. Земхниот живот го заврши во Тиваида.