На социјалните мрежи кружи потресно видео на кое се гледа како слоница се обидува да го оживее своето мртво слонче.
На видеото, направено во Асам, се гледа како женката го повикува и клоца бебето додека тоа лежи неподвижно во реката.
-Младенчето залутало од стадото и починало пред три дена, јавува НДТВ.
Слоницата сепак го носела слончето околу два километри и се обидел да го оживее ставајќи го во реката.
Сусанта Нанда од Индиската шумска служба ја објави снимката на Твитер и рече дека сцената му го „скрши срцето“.
-Слончето умре, но мајката не се откажува. Таа го носи мртвото бебе два километри и се обидува да го оживее ставајќи го во вода. Одекнува мајчиниот плач – напиша Нанда.
This broke my heart. The calf has died but mother doesn’t give up. Carries the dead baby for two KMs and tries to revive it by placing in water. And the mother’s cries ranting the air😭😭
Via @NANDANPRATIM pic.twitter.com/ufgPsYsRgE— Susanta Nanda (@susantananda3) June 15, 2023