четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Одговорете ИСКРЕНО и дознајте – дали сте зависник од интернет?

Одговорете ИСКРЕНО и дознајте – дали сте зависник од интернет?

Како да се препознае зависноста од интернет? Еве неколку знаци кои можат да укажат дека имате проблем.

1. Го занемарувате семејството и пријателите

Ако постојано одбивате да излезете со пријателите и сакате да останете дома и да сурфате на интернет, веројатно сте зависник. Сосема е нормално некогаш да не ви се излегува да се дружите со луѓето, но ако поради интернетот веќе подолго време одбивате да излезете, тогаш имате проблем.

2. Се откажувате од други активности

Луѓето кои се зависни од интернет имаат тенденција да ги занемарат останатите активности, во кои порано уживале, како спорт, музика, читање и други нешта. Ако сте забележале дека интернетот станал ваше единствено хоби, време е да побарате помош.

3. Чувствувате еуфорија кога сте онлјан

Зависниците од интернет се најсреќни кога се онлајн, а така ја храните својата зависност. Чувството на зголемена еуфорија кога сте на интернет е поврзано со зависноста или со висок степен на ризик од развој на истата.

4. Имате нарушен сон и нарушено спиење

Ако вашата рутина на спиење драматично е променета, тоа може да биде поради зависноста од интернет. Зависниците најчесто остануваат будни до доцна во ноќта бидејќи не можат да се тргнат од екранот, а потоа идниот ден не можат да се разбудат. Често се јавува несоница.

5. Промена на тежината

Луѓето кои поминуваат долго време пред компјутер најчесто се дебелеат. Причина за тоа е недостиг на физичка активност и нездрава храна која ја јадат по цели денови висејќи на интернет. Од друга страна, постојат и луѓе кои поради својата зависност губат килограми бидејќи нивната зависност е толку силна, што едноставно не можат да се тргнат од компјутерот за да јадат.

6. Проблеми со очите

Постојаното гледање во екранот негативно влијае на нашите очи. Ако чувствувате замор, пецкање и суви очи додека гледате во екранот, можно е да сте претерале со времето поминато пред мониторот и време е да се тргнете.

7. Опсесивно сурфате и пребарувате на интернет

Ако опсесивно пребарувате случајни теми на интернет па поради тоа ги занемарувате другите работи и активности, а сте забележале и дека поради тоа ви се намалила продуктивноста, најверојатно сте зависни.

8. Чувствувате вина и срам поради времето кое го поминувате онлајн

Чувството на вина е знак дека сте свесни дека правите нешто лошо. Луѓето кои се зависни од нешто, најчесто долго време ја негираат својата зависност и не сакаат да признаат дека имаат проблем. Ако чувствувате вина и срам поради времето поминато на интернет, тоа е позитивно бидејќи значи дека сте свесни за својот проблем и така полесно ќе го решите.

9. Лажете за времето поминато на интернет

Овој знак произлегува од претходно наведената точка за чувство на вина. Луѓето кои се срамат од нешто, најчесто лажат за да го сокријат тоа. Ако лажете за времето поминато на интернет, веројатно предолго сте онлајн.

10. Постојано мислите на интернетот

Најверојатно имате зависнички проблем ако сте се фатиле сами себе дека размислувате за интернет додека вршите други активности и не можете да дочекате да бидете онлајн.

11. Поради интернетот трпи вашиот вистински живот

Ако поради интернет зависност трпи вашиот приватен живот – семејството, пријателите, работата и други обврски, тогаш време е да побарате помош.

Ако кај себе ги препознавте наведените знаци, можеби е време да размислите за овој проблем и да побарате стручна помош пред работите да излезат од контрола.