Циметот не е само одличен додаток на храната и пијалоците, туку може да се користи на многу начини. На некои веројатно никогаш не би ни помислиле.
Одличен освежувач на простории
За вашиот дом да има пријатен мирис, стапчето цимет е одлично. Во литар вода ставете парчиња портокал, четири стапчиња цимет и полна шака брусница и варете на тивок оган 15 минути. Целиот дом ќе замириса неверојатно.
Друг начин, исто толку ефикасен, е да ставите ластиче околу свеќа и да ставите стапчиња цимет под него, а топлиот восок ќе го загрее циметот.
Избркајте ги молците
Познато е дека лавандата ги одбива молците, но ако додадете стапче цимет и малку рузмарин во платнена кесичка, вашата гардероба ќе биде безбедна.
Ослободете се од мравките
Факт е дека мравките мразат цимет и одбиваат да одат во близина на миризливиот зачин. Наместо да користите хемиски спрејови со силен мирис, посипете малку цимет во сите ќошиња и пукнатини што мислите дека мравките може да ги најдат во вашиот дом.