Одличен трик за брзо справување со купот измиени маици
Кога немате време, а ве чека куп алишта, логично е прво да се фатите за глава.
Ако имате големо семејство, замислете само колку маици може да се соберат за кратко време.
Но, постои и решение.
Корисничката на Тик Ток, Шантел Мила често објавува видеа со трикови за домаќинството, а овој пат покажа како се дипли кошула за помалку од 3 секунди.
Клучот е да ги лоцирате трите клучни точки на кошулата, а, б и в, и тука прво ја фаќате кошулата, а потоа ја преклопувате.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Со малку вежбање, ќе станете мајстор на оваа техника, а вашето купче на алишта многу побрзо ќе се намали.