Црниот ајлајнер засекогаш ќе биде основен производ кога станува збор за шминка. Сепак, понекогаш е премногу нападен и агресивен. Суптилна замена за нагласување и цртање на очите е новата ѕвезда во вашиот комплет – кафениот молив за очи.
Без разлика дали сте почетник или само сакате да го избегнете грубиот изглед на црниот молив, обидете се со кафена боја. Може да биде и како сенка за очи, дава добра дефиниција на окото, само помека.
Освен тоа, доколку имате сини, зелени или кафени очи, оваа боја дополнително ќе ги нагласи.
За разлика од црниот, кафениот молив за очи постои во богата палета на нијанси од темно чоколадо, какао, цимет, бронза, па лесно ќе го најдете вистинскиот за вас кој ќе ви помогне да постигнете суптилно привлечен изглед.
Кафениот молив за очи во богата чоколадна нијанса ќе им даде на вашите очи ефект „wow“, без да биде премногу интензивен, груб и агресивен.