вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Огнот на пријателството – приказна за вистинските другари

Огнот на пријателството – приказна за вистинските другари

Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ви ја врати вербата во вистинското пријателство.

„Никој не може да помине ваква студена ноќ на врвот на планината без ќебе и храна. Знам дека тебе ти требаат пари, така што ако успееш во тоа ќе добиеш голема награда. Во спротивно 30 дена ќе работиш за без пари.“

„Утре ќе се обидам“, одговорил Алек.

Но, кога излегол од продавницата, замрзнал од ледениот ветар, се исплашил и решил да се посоветува со неговиот најдобар пријател и да го праша дали е лудост да прифати таква кладба.

По кратко размислување, пријателот му одговорил:

„Јас ќе ти помогнам. Утре кога ќе стигнеш на планинскиот врв, погледни пред себе, јас ќе бидам на соседната планина. Ќе запалам оган за тебе и таму ќе ја поминам ноќта. Ти гледај во оганот и мисли на нашето пријателство. Тоа ќе те згрее. Ќе успееш, а потоа ќе ти побарам нешто за возврат.“

Алек го издржал предизвикот, ја добил кладбата и отишол кај неговиот пријател.

„Ми рече дека сакаш нешто за возврат“, му рекол и му понудил дел од парите.

Пријателот го прегрнал и му одговорил:

„Да, но не пари. Вети ми дека ако некогаш во мојот живот дувне студен ветар, ќе го запалиш оганот на пријателството за мене.“

Алек се насмевнал и се уверил во лојалноста на неговиот пријател, кој навистина бил тука за него во секое добро и зло.